Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери.
Oд полицијата се децидни дека нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери.
-Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, велат од МВР.
Ова следува откако на социјалните мрежи од вчера масовно се споделуваше фотографија на која се наоѓаат пет лица, со текст дека истите се киднапери на деца и дека се наоѓаат на територија на Скопје и скопско.
Голема е бројката на лица кои вечерва поверуваа дека во група од пет лица киднапираат деца и дека треба да се внимава.
Во коментарите на фотографијата можеше да се прочитаат коментари во кои се повикува полицијата да интервенира.
