Казнети 176 возачи во Скопје, од кои 114 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 176 мерки, меѓу кои 114 за непочитување на брзина на движење, 12 санкции за возење без возачка дозвола и три за некористење на сигурносен појас.

– Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 20 за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.

Од МВР информираат деак засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e