Кавадарчанец повреден по експлозија на предмет од отпад

Четериесет и три годишниот З.Ј од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди, вчера додека пребарувал предмети во стовариште за отпад. Земал некаков алуминиумски предмет кој му експлодирал во раката.

Од СВР Велес го потврдуваат случајот.

„На 04.07.2019 година во Полициската станица Кавадарци, З.Ј.(43) од Кавадарци пријавил дека, додека пребарувал во стовариштето за отпаден материјал во Кавадарци, му експлодирал предмет кој го земал во раката, при што се здобил со тешки телесни повреди на прстите. На повредениот му била укажана помош во болницата во Кавадарци“ вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Полицијата извршила увид на местото на незгодата и се утврдува каков предмет експлодирал во раката на кавадарчанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e