Кандидатите за градоначалник на Крива Паланка потпишаа кодекс за фер избори

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски  вчера со кандидатот за градоначалник, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го потпишаа кодексот за фер избори со кој јасно го потврдуваат почитувањето на основните демократски начела.
-Ќе ми биде чест како дел од генерацијата нови политичари да внесам нови принципи и нови вредности.
Јас како кандидат за градоначалник цврсто ќе стојам зад идејата да се почитува сѐ што е општ интерес на граѓаните, зашто народот ни го дава легитимитетот, порача Митовски по потпишувањето.
-И во Советот општиот интерес на граѓаните ќе ни биде приоритет. Ќе водиме искрена кампања, позитивна и ќе ми биде мило да испиеме заедничко кафе по завршувањето на кампањата, да покажеме големина како луѓе, порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e