Со „југо“се забил во столб и починал на самото место

На 08.07.2019 околу 19.45 часот на ул.,,Вељко Влаховиќ“ во Берово Ѓ.Р.(75) од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб.

Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот.

Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e