ЈП Водовод и Канализација сo акција: Во ноември ќе наплаќа долгови на рати без камата

ЈП Водовод и Канализација – Скопје денеска соопшти дека се спроведува акција за наплата на долгови на рати без камата за граѓаните на Град Скопје.

Управниот Одбор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје на 22-та седница донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање.

Оваа можност сепак е со определено времетраење, почнувајќи од 04.11.2019 заклучно со 29.11.2019. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг, да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање“, велат од јавното претпријатие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e