ЈП ПОЦ започнува ноќна акција за отстранување на непрописно паркирани возила

Во текот на вчерашната вечер ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје започна ноќна акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало.

„Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде има најголем број на непрписно паркирани возила кои го предизвикуваат нередот во доцните часови.

Оваа мерка континуирано ќе се спроведува со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“ велат од ЈП ПОЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e