Познатата српската пејачка Јелена Томашевиќ вечерва ќе одржи концерт во Крива Паланка. Концертот е закажан за 21 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад. Јелена гостува по повод одбележувањето на Денот на рударите, кој ќе се празнува следниот ден, на 28. август.
Организаторите упатуваат отворена покана за концертот на кој посетителите ќе може да уживаат во познатите хитови „Јутро“, „Нема Кога“, „Оро“, „Кошава“, „Океани“ и многу други.
Пред да настапи популарната пејачка Томашевиќ како нејзина предгрупа се најавени Димитар Андоновски и „Тајфата“.
Овој концерт е во рамките на Кривопаланечко културно лето.