Две лица се повредени во сообраќајка на патот Охрид- Кичево, откако возачот изгубил контрола и излетал од патот.
Вчера во 21.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.
