Избодени девојка од Кавадарци и момче од Арачиново

Прободени се две лица, момче во Арачиново и девојка во Кавадарци во два одделни случаи.

Л.Н.(24) од село Арачиново вчера пријавил дека истиот ден околу 21:30 часот на улица „11″ се сретнал со А.Н., по што започнале расправија.

А.Н. со нож го прободел Л.Н. неколку пати. На оштетениот му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Околу 20 часот истиот ден во Општа болница Кавадарци е  донесена Р.А. (22) од Кавадарци со убодна рана во стомакот, која е нанесена од остар предмет. Поради сериозноста на повредите, Р.А. е препратена во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e