Изби пожар во затворот во Шутка

Од засега сеуште непознати причини во затворот во Шуто Оризари утринава изби пожар. Според првичните информации огнот го опфатил притворското одделение на затворот.Во пожарот повредени лица нема, а била предзвикана само материјална штета чија што вредност дополнително ке се утврдува.

Според командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески, на терен биле пратени четири противпожарни возила со десетина пожарникари.

Набрзо по интервенцијата пожарот е ставен под контрола и се работи на утврдување на причините за пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e