Исчезната жена пронајдена мртва кај Велгошти

Вчера околу 12 часот во СВР Охрид, жител на охридското село Велгошти пријавил дека недалеку од селото, во месноста „Чурила“, забележал починато лице.

По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д.Н.(80) од с.Велгошти, која на 07.03.2020 била пријавена за исчезната. По извршен преглед од лекар патолог било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e