Четиринаесетгодишно дете управувало патничко возило „опел“ и удрило во бетонски столб во селото Дебреште, општина Долнени, при што едно дете е тешко повредено, а уште двајца завршиле со повреди.
Во несреќата, 14-годишен сопатник се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и уште еден сопатник на возраст од 16 години се полесно повредени. Повредените биле пренесени и згрижени во Градската општа болница во Прилеп.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
