Инцидент во Крушево: Се сопнал и сам се застрелал со пиштол во нога

На 17.11.2021 во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, И.И.(34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица”, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава”, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка.

За настанот бил известен Јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e