На мое големо задоволство денес сум со семејството Василевски од Куманово, силно решен да помогнам на овие наши сограѓани, коишто три години се без струја и во крајно лоши услови, истакна секретар на ОО СДСМ Куманово и Директор на АД Водостопанство Кумановско-Липковско Поле, Оливер Илиевски.
„Денис и Сабина се во социјален ризик, а имаат четири прекрасни дечиња, од кои две се со попреченост. Денис останал без работа за време на кризата од Ковид-19, а наидува на затворени врати при барање работа во кумановските комунални претпријатија.
Чест ми е да обезбедам приклучок за електрична енергија и тоа го сторив за ова семејство да почне да живее нормален живот, меѓутоа треба и дополнителна помош за обезбедување храна, облека, бела техника“, посочи Илиевски.
Илиевски апелира до сите општествено одговорни граѓани и компании да донираат, но и да помогнеме заедно Денис да добие работа, да го извлечеме семејството Василевски од тешката агонија во којашто живеат и да застанат на нозе.
„Ве повикувам и да го споделите овој апел за заедничка одговорност, што повеќе хумани луѓе да се приклучат во помошта на ова семејство.
Човечки е да си помагаме меѓусебно во рамките на своите можности, да овозможиме нормален живот и подобро утре“, нагласи Илиевски.
Сметка за донации:
Сабина Василевска 200 002545685937 Стопанска банка, со назнака донација.
Број за контакт: 077 854 865
