Хуманитарна акција во Крива Паланка: Донирај за новогодишни пакетчиња за деца од социјално ранливи категории!

Донирај пакетче и подари насмевка!

Две млади кривопаланчанки организираат хуманитарна акција за собирање на новогодишни пакетчиња за деца од социјално ранливи категории.
-Со цел повеќе насмевки и детски радости, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници да се собереме колку повеќе можеме и да направиме хуман гест! Претстојниот период секој кој е во можност, може да нѐ контактира и да донира новогодишни пакетчиња кои ќе бидат наменети за нашите најмали сограѓани, чии семејства се социјално ранливи, велат организаторките на акцијата.

Собирањето трае до 23. декември, по што подароците ќе бидат доставени до децата.

-Добредојден е секој! Подадете рака за што повеќе детски насмевки!, порачуваат организаторките.

Понекогаш и мал гест или симболична донација е доволна за некој да се почувствува среќен, а празниците се идеален момент за тоа! Биди и ти нејчиј Дедо Мраз!

265267093_10159300022102561_1793096070370667884_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e