Хорор во Скопје: Девојче се здобило со изгореници од струен удар во детска игротека

Девојче во детска игротека се здобило со изгореници на раката од стуен удар, откако се фатило за една од цевките во објектот. Таткото го пријавил случајот во полиција.

„На 17.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Б.Т.(45) од Скопје пријавил дека на 16.10.2023 околу 19.30 часот во игротека во скопско, на прослава на роденден на неговиот малолетен син, неговата малолетна ќерка се фатила за една од цевките во објектот, при што се здобила со изгореница на раката од струен удар“, соопштија од полицијата за Прес24.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e