Група родители денеска достави писмо со барање за оставка на директорот на гимназијата „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, итно свикување на родителски совет и покренување постапка за одговорност на директорот кој вчера поддржа политичко агитирање во гимназијата.
Револтирана сум од вчерашната случка во нашата гимназија. Директорот Кирил Николоски им држеше политички говор на учениците по нивните кажувања, и со тоа ги наведуваше да протестираат. Се прашувам како е можно човекот кој го газеше македонското знаме сега да е во улога на патриот и да го штити знамето? Јас како родител на ученик во гимназијата барам одговорност од директорот.
Поради тоа денес со група родители во насока на искажување на нашиот револт и загриженост од однесувањето на директорот и дел од професорите од кои очекуваме дека ќе застанат во заштита на нашите деца, побаравме морална одговорност од Николоски – изјави Мери Цветаноска, родител на ученик во гимназијата.