Грчки државјанин вчера бил уапсен на граничниот премин „Табановце“ поради фалсификување на сериски број. Како што информира МВР, вчера во 11:50 часот од слобода бил лишен 23-годишниот П.С. од Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило „јагуар“.
П.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.