На 05.01.2018 година во 09.20 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Гевгелија, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт без траги на насилство врз Т.Н. (63) од Солун, Република Грција, кој престојувал на наведената адреса.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.