Николовски присуствуваше на промоција на нова комунална опрема на Град Скопје

Градот Скопје денеска промовираше нова опрема и нов концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје.

– Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. Денеска, го претставуваме целосно новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа. Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери – рече градоначалникот Шилегов.
FB_IMG_1569937932117
-На мое големо задовоство, денес бев на настанот што врти нова европска страница за Скопје. Честитки до градот и до Петре Шилегов за овој нов концепт за третманот на отпадот во Скопје, истакна Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e