Градот од вчерашното невреме предизвика до сто проценти штети во с. Корешница, демиркаписко

До сто проценти штета на лозјата, тутунот, пиперот и други земјоделски култури предизвикаа врнежите од град синоќа во демиркапиското село Корешница.

Невремето, проследено со врнежи од град и дожд од околу 25 литри на квадратен метар, траело 15 минути.

Претседателот на месната заедница Ѓорѓи Танев рече дека невремето направило штета не само кај лозјата, туку и на тутунот, пиперот и други земјоделски култури.

Општината Демир Капија веќе формирала комисија за проценка на штетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e