ООУ “Страшо Пинџур” Јосифово, организираше еколошка активност со мотото “Со велосипед низ цел свет”. Активноста се организираше по повод “Меѓународниот ден без автомобили” и истата опфати возење велосипед и пешачење, на релација “Јосифово – Удово – Јосифово”.
-Активноста “Со велосипед низ цел свет”, има за цел да ја подигне свеста во заедницата за потребата од чиста и здрава животна околина, да ја потенцира неопходноста од намалување на користењето на моторни возила, како и да ја поттикне заинтересираноста кај најмладите за практикување спорт и здрави животни навики. Да ја чуваме нашата животна околина и да создадеме заедница на одговорни и еколошки освестени индивидуи, истакна градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.