Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска се приклучи на кампањата “Мој ДДВ”
-Денес се приклучив во кампањата “Мој ДДВ”, мерка која е од исклучително значење за граѓаните и за државата. Ги повикувам граѓаните кои досега не ја презеле апликацијата “Мој ДДВ” да го направат тоа и да си го остварат правото на поврат, истакна Бочварски.
Преку “Мој ДДВ” на граѓаните на нивните трансакциски сметки им се враќаат назад парични средства како дел од пресметаниот ДДВ, а истовремено “Мој ДДВ” придонесува за намалување на сивата економија. Заклучно со 09.09.2019, скенирани се 17,342,767 фискални сметки, со промет во износ од 8,840,371,112 денари, вкупен ДДВ е во износ од 959,772,159 денари, со поврат од 143,965,824 денари.