Градоначалникот на Крива Паланка во работна посета на Лесковац – Се разгледуваат туристичките потенцијали

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, оствари официјална работна посета на Град Лесковац, Република Србија, кадешто заедно со претседателката на Советот на општината и делегација од локалната самоуправа, беа на прием во кабинетот на градоначалникот на градот на ветерниците, Горан Цветановиќ.
Посетата на Лесковац е дводневна и се базира на остварената соработка во рамки на проектот “Да ги поврземе бисерите” што овие две општини го реализираат преку ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Србија и Република Северна Македонија.
Официјалната делегација беше примена од страна на заменичката на градоначалникот Цветановиќ, Лидија Димитријевиќ и раководителот на одделението за општествени дејности, Саша Младеновиќ.
Од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка информираат дека на состанокот се разговарало за деталите од проектот, туристичките потенцијали на дватa града, а договорено е и отпочнување на постапка за збратимување на градовитe.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e