Градоначалникот на Крива Паланка му врачи подарок на премиерот Ковачевски во знак на благодарност за поддршката

Градоначалникот на Крива Паланка, со подарок уметничко дело на кое е насликан манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ упати благодарност до премиерот Димитар Ковачевски и Владата на РС Македонија за поддршката што Крива Паланка ја добива во континуитет.
-За нас како релативно мала општина со скромен буџет поддршката од Владата е исклучително важна и овозможува реализација на големи, капитални проекти, што Крива Паланка не може да ги овозможи самостојно без централната власт и надлежните министерства. Тоа е пример како треба да се работи, заеднички и посветено за сите граѓани, порача градоначалникот Сашко Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e