Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски, ѝ помогна на жена на која ѝ се слошило на улица

Утрово при вршење на редовните дневни активности, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, случајно се нашол на локација во центарот на градот,на т.н. Шанин Мост кадешто ненадејно ѝ се слошило на една повозрасна жена.

По информациите и фотографиите до кои дојде редакцијата на Народен Глас од нивен читател, Митовски реагирал веднаш, помагајќи жената да биде транспортирана до итната медицинска служба, со што помогнал да се спаси и да добие навремена грижа и здравствена интервенција неговата сограѓанка.

-Луѓе сме, ваквите гестови треба да бидат одлика на секој човек во секоја прилика, зашто човечноста е пред сѐ, рече Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e