Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска ја посети општина Трговиште, Р.Србија, на покана на градоначалникот Ненад Крстиќ, а по повод празникот на градот летен Свети Никола.

Во присуство на голем број на граѓани и гости, со литургија, литија и со славски колач општина Трговиште го одбележа својот празник, Свети Никола.

Средбата беше искористена и за размена на искуства за унапредување на соработката на двете соседни општини, нивно инфраструктурно поврзување и олеснување на комуникацијата на граѓаните од двете страни на границата.
