Градоначалникот на Гази Баба, Стефковски ја увидел својата грешка – ја врати на работа разрешената директорка на градинка

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски откако ја увидел својата грешка ја врати на работа разрешената директорка на градинка во општината.
275562783_1363757107398561_5802889236703932649_n

Неовластен ревизор, по налог на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ на Гази Баба, Бобан Стефковски, незаконски спровел ревизија на рабоатата на градинка во општината, соопштија претходно од СДСМ.

Лицето Добри Петров, спротивно на законот бил назначен за ревизор, без лиценца за ревизор и без положен испит од страна на градоначалникот Стефковски. Потоа, ова неовластено лице незаконски било задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“.

Бидејќи неовластено лице го правело овој документ, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување. Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот. Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката беше разрешена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e