Градоначалникот Мицевски го најави општинскиот повик за доделување финансиски средства на здруженијата и спортските клубови

Во текот на вчерашниот ден, на иницијатива на градоначалникот Борјанчо Мицевски се оддржа работен состанок со претсавниците на спортските клубови, невладините организации и здруженија од општината.

На средбата  Мицевски го најави повикот за аплицирање за добивање финансиски средства од Oпштината, за што со Програмата за 2018 година се одвоени вкупно осумстотини илјади денари.

-Ова го правиме во насока на давање значење на она што го работат луѓето од граѓанскиот сектор, афирмирање на активностите на сите здруженија и нивно поврзување со цел заедничко дејствување и понатаму, аплицирање за други фондови, пред се-европските. Понатаму, покарај продолжување на праксата за бесплатно овозможување термини во спортските објекти за сите спортски клубови, иницираме формирање општински сојуз на спортови кој ќе ги застапува интересите на сите спортски клубови и работници. Овој сојуз ќе може, да ги црпе предвидените средства од општинскиот буџет, да добие средства и од Агенција за спорт и млади, од државни институции, но и од Европските програми и фондови,  рече Мицевски.

Во текот на наредните денови Oпштината ќе објави повик за доставување апликации за финансирање на активностите на здуженијата за оваа година, а стручна комисија ќе ги одобри и распредели средствата.

-Со цел да го олесниме работењето на цивилниот сектор, на нивна иницијатива, ќе им отстапиме простории и техничка поддршка без надоместоци во „Вавилон-центарот“ во кои ќе можат да обавуваат тековни активности и состаноци, како и во просториите на поранешната градинка, на улица „Илинденска“, а дополнително, во консултација со дел од раководните лица во јавните институции, ќе ја поддржиме идејата за основање општинска фондација  „Со срце за Крива Паланка“. Фондацијата би била поддржана од наши иселеници и бизнис-секторот, а средствата кои истата ќе ги обезбеди ќе бидат наменети за поддршка на културни и спортски манифестации, додаде Мицевски.

Повикот ќе биде објавен деновиве, на општинската веб-страна, http://www.krivapalanka.gov.mk и ќе трае еден месец. По истиот  ќе можат да аплицираат и граѓанските  здруженија и спортски клубови, а дополнително, Општината од буџетот за тековната година има издвоено и останати средства за поддршка на спортот со Програмата за спорт за 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e