Градежна офанзива во Крива Паланка – еве каде се работи

Периодов во Крива Паланка интензивно и со полна пареа се работи на повеќе локации во градот.
Жителите на населба Куков Дол во Крива Паланка наскоро ќе чекорат по нов асфалт, соопштуваат од општината.
– Машините се на терен и интензивно се работи, како и во повеќе делови од општината. За урбан лик и подобрување на условите за граѓаните, работиме неуморно, порача градоначалникот Сашко Митовски.

Во завршна фаза е изградбата на рекреативна пешачка патека Бабин Дол, која води кон нашиот туристички бисер св. Јоаким Осоговски.
Се работи и на подготовка и наскоро ќе се асфалтира патот во населба Лозаново.
-Подобри услови за жителите на Лозаново, подобрување на квалитетот на живот за сите жители на општината, вели Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e