Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од утре во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања – Одделение за даноци (во барака број 15), за консултации во предвидените приемни денови (вторник и петок).
Ве известуваме дека шалтерите во барака број 16 редовно ќе ги извршуваат своите работни дејности за прием и издавање на документи, се вели во соопштението од градот.