Голема акција во Грчец и Гази Баба: Досега уапсени 25 лица, на терен се специјалците

Претреси и апсења од рано утрово се случуваат во Грчец и Гази Баба, а досега се лишени од слобода 25 лица за трговија со дрога, пренесе „А1он“.

Дел од приведените се носат и во полициска станица Карпош.

Акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи.

Обвинителката Вилма Русковска го потврди случајот за „А1он“, а повеќе детали се очекуваат по нејзино завршување. Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР. Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал. Акцијата и натаму е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e