Голем пожар во велешко Војница, градоначалникот бара помош

Голем пожар се шири во близина на селото Војница, во околината на Велес, објави попладнево на Фејсбук градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.

Стојановски на Фејсбук објави и фотографии од големиот пожар и порача дека се потребни доброволци за гаснење на пожарот.

„Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина“, пишува градоначалникот Стојановски на Фејсбук.

За големиот пожар апелираат и грѓаните на социјалните мрежи барајќи помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e