Месното население го гаснат пожарот кој доцна попладнево избувна меѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово. Како што информира Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ Берово, ситуацијата во моментот е алармантна и бара активност на целокупното население.
-Наши екипи се веќе на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Ги алармиравме и противпожарните единици од соседните општини, а очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот, соопшти Ајтовски.