Голем пожар на стамбена зграда во Гевгелија, целосно изгорени шест стана

Со дојава на жители на улица „Ристо Чавдаров“ во 11:20 часот денеска беше пријавен пожар на стамбената зграда со уличен број 25. Екипа на ТППЕ од Гевгелија со две возила и четворица пожарникари веднаш интервенирале на местото на опожарувањето, пренесе Гевгелијанет.

„Беше страшна глетка. Пламенот избиваше од кровот на зградата нагоре. Пожарникарите без размислување се втрчаа со водените шмркови низ внатрешните скали до поткровните станови кои беа опожарени. Секоја пофалба за нив“, изјавува жител на околна стамбена куќа до опожарената зграда кој и самиот им помагал на пожарникарите.

Пожарот избил на шестиот кат во момент кога немало никој дома. Станот бил исклучен од струја од ЕВН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e