Голем број граѓани поднесоа апликации за субвенции за „Енергетски ефикасни домови”

За добивање субвенции, за „Енергетски ефикасни домови”, од 2 септември досега голем број граѓани поднесоа апликации. Општина Кисела Вода овој голем проект го реализира во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Со реализацијата на проектот жителите на Кисела Вода ќе добијат потопли домови и ќе заштедат финансиски средства. За успешно реализирање на истиот Општина Кисела Вода одвои околу 7 милиони денари.

Заинтересираните за добивање субвенции, апликации може да поднесуваат во архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 08:30 до 16:00 часот, до 30.09.2019 година.

Заедниците на сопственици или Управители на станбени згради за колективно домување повеќе информации можат да добијат на веб страната на Општината или на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e