Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 40-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“.
Како што информираат од МВР, пријавениот на 24-ти ноември во Струга во возило, после вербална расправија со 28-годишен стружанец, којашто прераснала во физичка пресметка, го прободел лицето со нож во грбот. Откако нападнатиот паднал на земјата, пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете, противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец.