Шефот на делегацијата на ЕУ во РС Македонија, Амбасадорот Дејвид Гир, денес беше во официјална посета на Општина Крива Паланка.
Повод за посетата е првиот роденден на Europe House Крива Паланка, при што градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски заедно со претседателката на Советот на општината, Изабела Павловскa се сретнаа со Евроамбасадорот Гир, Амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов и Амбасадорот на Кралството Шведска во РС Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтсон.
Митовски уоати благодарност за целокупната поддршка на ЕУ за финансирање на сите досегашни реализирани проекти од програмите за прекугранична соработка со Бугарија, Србија и Косово.
„Денес посетивме две локации на реализирани Европски проекти во општината: новиот градски плоштад, подпроект “Крива Паланка Источна порта на Европа”, 800.000 евра и општинските сали за состаноци и 3Д презентација“, истакна Митоовски.