Гевгеличани со „туарег“ бегале на полицијата па се судрил со полициска „дачија“

На 03.03.2021 во 23.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода  И.Ѓ.(30) од село Мрзенци, гевгелиско и Л.Б.(23) од Гевгелија затоа што околу 19.50 часот на Автопатот А1 – клучка Миравци, И.Ѓ.  не застанал на даден знак за запирање.

Тој со своето патничко моторно возило „фолксваген туарег” со гевгелиски регистарски ознаки, во кое бил и Л.Б. и го напуштил местото.

Подоцна, неговото возило било забележано на стариот пат Демир Капија – Неготино, каде во обид да сврти удрил во службеното возило „дачија” и го оштетил.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e