Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со членовите од неговиот кабинет, ги презентираа постигнатите резултати во првите две години од мандатот на градоначалникот. Посетителите можеа да прочитаат за сите проекти одделно во брошура на 60 страници.
Пред присутните амбасадори, министри, пратеници, советници од Советот на општина Гази Баба, бизнисмени, спортисти и граѓани, ги истакнаа сите реализирани проекти и оние кои се планирани за идните две години.
Градоначалникот Георгиевски посочи дека во овие две години показател во неговото работење биле потребите на граѓаните. Реализирани се проекти кои беа заборавени повеќе од 15 години, а од суштинско значење за граѓаните да можат нормално да функционираат.
Според Георгиевски, еден од проблемите со кој се соочувала општината во овие две години се блокадите и опструкциите од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ за ребалансот на буџетот за 2019 година, кога цели три месеци се одолговлекуваше неговото донесување за да помине градежна сезона кога работат асфалтините бази за да не можеме да се средат сите планирани улици за оваа година.