Здружението „Агропаланчанка“, на 2 Август –Илинден, на народниот собор кој традиционално
се оддржува во с.Жидилово, со присутните посетители оддржа обучувачко-дискусиона средба
во рамки на Проектот „Селските собори како алатка за социјална инклузија на руралното
население“ , а воедно беа поделени и примероци од едукативната брошура на тема „Дивата
овошна флора и лековити билки во функција на извор на приходи и извор на еколошка храна –
правилна берба и правилна преработка“.
Активностите кои здружението „Агропаланчанка“ тековно ги реализира, се во рамки на
проектот кој финасиски е поддржан од Општина Крива Паланка со средства наменети за
поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината.