Здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка организира презентација на мед и пчелини производи на дводневeн настан насловен како „Денови на медот“ во Крива Паланка.
Манифестацијата започна денес, а презентација ќе има и утре 29 август на плоштадот „Карпошово востание“ со почеток во 10 часот.