На 24 мај годинава ќе се одржи десеттото јубилејното, десетто по ред Рели „КАЛИН КАМЕН“ 2018 во организација на Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“.
Манифестацијата има ревијален карактер и се одржува под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“. Должината на патеката е 74 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв (2.085 метри надморска височина).
Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски. На Царев Врв е договорена средба со рели учесниците од соседните општини.
Ова е одлична можност да ги запознаете убавините на Осоговските Планини и заеднички да ги промовираме културно-историското и природното наследство на регионот.
Со цел комплетна и навремена организација на настанот одговорните апелираат го пријавите Вашето учество најдоцна до 20-ти месецов кај организаторите. Телефоните за контакт можете да ги најдете на општинската веб страна krivapalanka.gov.mk.