(ФОТО+ ВИДЕО) Со свечен хепенинг во Крива Паланка одбележан Денот на Европа

По повод прославата на Денот на Европа во Крива Паланка се одржа хепенинг кој го организираше локалната самоуправа на општина Крива Паланка на градскиот плоштад.

Денот на Европа беше одбележан со музика, игра, ликовни и уметнички перформанси и креативни изработки со мотиви на четири Европски држави: Словенија, Полска, Унгарија  и  Франција.
32239523_10212882417198380_6711812966179667968_n
На настанот присуствуваше амбасадорот на ЕУ во Македонија, Семјуел Жбогар, кој рече дека овој ден покрај што се празнува ширум целиот Европски континент, се празнува и во Скопје, Кочани, Куманово, Гостивар, Тетово, Охрид , Гевгелија, Дебар, Велес, Кавадарци, но и во Крива Паланка.
32095457_10212882782447511_6068624438029451264_n
-Многу сум среќен што сум со вас да го славиме заедно овој прекрасен ден. Мојата порака е дека вие сте дел од Европа, вие му припаѓате на Евроспкото семејство и секој од вас може да придонесе за вашата Европска иднина, особено младите, рече Жбогар.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски истакна дека голема е честа да се обрати на Денот на Европа во годината кога Македонија, по, како што рече, десет години застој на патот кон ЕУ, доби безусловна препорака за отпочнување на преговорите со Европската унија.

32089314_10212882413318283_4821638949162188800_n

-Од мое име и од име на граѓаните на Република Македонија се заблагодарувам на подадената рака и на поддршката  на патот во ЕУ. На патот под заедничкото Европско небо не води идејата секој од нас да даде свој придонес за афирмација на највисоките Европски вредности. Мирот, просперитетот, стабилноста на Европскиот контитнент не обединуваат цели 68 години да ја славиме Шумановоата декларација и да се стремиме Европското семејство да го направиме побогато и по квалитетно , а во сета таа глобализација да ги зачуваме својот идентитет и посебноста како Македонски народ со цврста Европска визија и определба, изјави Мицевски.

31947712_10212882785287582_392006565663604736_n

Мицевски му врачи и плакета од општина Крива Паланка на амбасадорот Жбогар, во знак на благодарност за поддршката во унапредување на општината благодарение на ЕУ – фондовите кои се достапни и помагаат за имплементација на бројни инфраструктурни и останати проекти од  прекуграничната соработка со Р. Бугарија, но и со Косово, а наскоро и со Р. Србија.
glavna
На хепенингот учествуваа ученици од двете основни училишта од Крива Паланка, „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ и детската градинка „Детелинка“.
Покрај со настапи и штандови, учениците се претставија и со цртање на платото пред плоштадот и на штафелаи во градскиот парк.
32170089_10212882756326858_2606172514396667904_n

Прославата на Денот на Европа во Крива Паланка продолжува со поетско-музичка манифестација  насловена  „Место каде минатото се сретнува со иднината“ што  ќе се одржи пред манастирот св. Јоаким Осоговски со почеток во 19 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e