Радосни и насмеани, со нови очекувања од она што им претстои- училиштето, денес првачињата од основните училишта во Крива Паланка прв пат седнаа во училишните клупи.
Свечен прием од одговорните во ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким Крчовски“ беше организиран за сите дечиња кои од денес ќе се сретнат со трајните на книгите, со светот на можности и знаења.
Во ООУ „Илинден“ во претстојната, 2018/19 учебна година настава ќе посетуваат 85 првачиња, кои денес со нетрпение го очекуваа првиот училишен час, запознавањето со другарчињата и учителката/учителот, кои според директорката, Марица николовска ќе им бидат втори родители, а школото-втор дом.
-Да се почитуваме сите, ученици, наставници и родитечли, да соработуваме бидејќи ќе имаме мнго поголем успех кај децата доколку сме сите заедно и имаме соработка. Овде, драги првачиња, сме за да заедно учиме, другаруваме и пееме, за еден ден сите вие станете луѓе достојни за почит, рече директорката Николовска.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, рече дека ако авторот на „Малиот принц“, Антоан Де Егзипери вели дека треба да му се дозволи на срцето да води низ животот, зашто тоа го знае најдобриот пат, тогаш работата е на сите нас околу овие деца, мали принцови и принцези, и на родителите и наставниците, е да помогнеме правилно да се насочат, едуцираат и воведат во сите знаења и тајни на животот.
-Ова училиште продуцирало генерации и генерации квалитетни кадри и верувајте, дека , вие наставниците, само она што ќе го посеете може да ја надживее вечноста, Можеби резултатите и плодовите не се видливи сега, но она што како знаење, умеења и вештини ќе се пренесе на учениците, ќе биде стимул за надградување на нивниет човечки вештини и ќе даде резултат во текто на идните генерации, порача Мицевски.
Вкупно 94 првачиња од годинава тргнаа во ООУ „Јоаким Крчовски“. Свечен прием се одржа во спортската сала „Партизан“, а дечињата беа воведени со приредба подготвена од петтодделенците.
-Посакувам сите вие, драги првачиња, да бидете здрави и весели, со радост и жед за знаења да доаѓате на училиште, да бидете наша гордост, и да имате многу успеси во животото,им порача директорот Дане Петровски.
Градоначалникот Мицевски ги поздрави првачињата и од ова училиште порачувајќи дека во секој од нив се крие талент, кој со помош на наставниците и родителите треба да се пробуди, стимулира и развива.
-Упатувам порака до наставниците со нивниот труд да не се штедат во пренесувањето знаења и добрини, зашто, она што ќе го посеат е тоа што во иднина овие млади низ воспитно-образовнито процес ќе го рефлектираат низ вечноста за развој на општеството и нивниот личен и професионален развој, порача Мицевски.
Сите првачиња добија училишен материјал и прибор од општината.
Инаку, во ООУ „Ј.Крчовски“ во текот на летото се направени сите подготвителни активности, санации и останато, а извршена е и сезонска дезинфекција во сите објекти.
И во ООУ „Илинден“ тековно се извршени потребните санации, саниран е дел oд спортската сала во Мождивњак 1, спроведени се молерофарбарски работи, извршена е и сезонска дезинфекција во сите објекти, а со Одлука на седница на Совет на општина Крива Паланка, ќе биде асфалтиран и пристапниoт терен на централното училиште.