(ФОТО + ВИДЕО) Постојаниот претставник на УНДП Лујза Винтон, денеска на средба со градоначалникот Мицевски

За само десетина дена Крива Паланка ја посетија повеќе високи претставници на дипломатскиот кор во државата, почнувајќи од амбасадорот на ЕУ во Макеоднија, Семјуел Жбогар, амбасадорот на САД во РМ, Џес Бејли, а денес во работна псоета на општината беше и Лујза Винтон, постојаниот претставник на УНДП во Македонија.

DSC05902

Домаќин на Лујза Винтон беше градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој по првични разговори на повеќе теми од областа на животната средина и промоција и заштита на културното наследство, истакна дека на средбата е разговарано за можната поддршка при изготвување и имплементација на проектна документација за повеќе локации во општината.

-Посочив во кои области општината има реална потреба од поддршка при изготвување на проектна документација и имплементација на проекти. На прво место стана збор за решавање на проблемот за санација на големото свлечиште на патниот правец село Дурачка Река- Село Станци, кое е од значителен обем,а нема ниту проектна документација, ниту средства , само е направена проценка од градежен институт, истакна Мицевски.

Мицевски и Винтон разговараа за свлечиштето, но и за повеќе можности за заштита на животната средина, заштени подрачја и превенција од поплави со уредување на речните корита.

Рече, разговарано е за обезбедување финансии за справуавње со свлечиштето, кое би требало да биде санирано пред престојната зима.

-Околу ова свлечиште има и голем број домаќинства за чиишто живеалишта постои опасност. Разговарано е и со Владата на РМ и се надевам ќе го решима заеднички овој проблем, додаде Мицевски.

Со тим од Крива Паланка, предводен од градоначалникот, заедно со одговорниот од Одделението за комунални дејности и урбанивам, беа посетени и претставени: туристичкиот локалитет Калин Камен, каде има потенцијали за заштитени подрачја, Станечките Водопади на Станечка Река, каде има голем потенцијал за развој на туризмот и промоција на природните потенцијали, како и двете реки: Крива и Дурачка Река, чиишто корита треба да бидат соодветно уредени за заштита од поплави.

Винтон порача дека иако не располагаат со голем број срества, имаат тековен проект кој се имплементира со Советите и со стручните лица кои работат посветено на заштита и превенција од поплави во разни проекти и области во државата, како што се Полошкиот регион, на Црна Река, на Липковка и други, ќе можат да дадат стручна помош и искуство во справување со водни текови и останати природни ресури.

-Ќе напрваиме напори и да консултираме за можности и повици кај други донатори, а ова за нас е добра прилика да ја видиме ситуацијата на терен директно и да виидме дали во друга фаза и проекти кои ги планираме да можеме да ве вкулучиме и вас. Исто така проектот за децентралиазија е можност да помогнеме , а дискутирајќи со Шведската агенција-СИДА ќе се потрудиме да обезбедиме финансиски средтсва за обезбедување на средтсва за оптшините кои немаат за изготвување техничка документација, посочи Винтон.

DSC05888

Таа во денешната посета присуствуваше и на промоција на аудио-водич во Локална установа Градски музеј, Крива Паланка, каде ги искажа и импресиите од Крива Паланка, која, според неа, и е едно од омилените места – градови во државата, со добра природа, прекрасен манастир и приодни убавини, како и богата културно-историска ризница. Винтон посочи дека не располагаат со финансии , во моментот, но, секако Крива Паланка е една од општините каде сигурно во следниот период ќе помогнат .

DSC05938

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e