(ФОТО) Општина Штип го одбележува празникот “Св. Никола” – патронот на градот

Општина Штип денес продолжи со реализација на програмата за одбележување на денот на градот, патронот на „Свети Никола“. Утринава беше оддржана Света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Никола“ која ја водеше Поглаварот на МПЦ господин господин Стефан, по што следеше Литија на релација: Соборен храм Св.Никола до градскиот плоштад каде беше извршено кршење на празничниот колач. Празнична беседа оддржа Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион а свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Во 11 часот беше отворена и изложба на стари книги што се чуваат во роднокрајно одделение НУ-УБ “Гоце Делчев“ Штип а денешното одбележување завршува со манифестацијата „Младите за Шопов“ во Домот на млади каде се оддржува натпревар во рецитација на стихови на поетот Ацо Шопов.

25396152_10209924076370127_8032891097866883060_n

25442967_10209924077370152_3793052420375490250_n 25398830_10209924078410178_719108324444827436_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e