(ФОТО) „Кривопаланечко културно лето 2018“ со богата програма за сите генерации

„Кривопаланечкото културно лето 2018“ е во полн тек. Граѓаните на општината, како и гостите во градот, веќе имаа прилика да уживаат во неколку културно-уметнички настани, меѓу кои проекција на наградуваниот филм „Исцелител“, традиционалната „Осоговска вечер“ на староградска музика, а во рамки на манифестацијата се одржа и трилатералната средба „Краиште“ на Голеш каде на меѓународен собир се сретнаа жители од соседна Бугарија, соседна Србија и се разбира од Крива Паланка. Се одржа и проекција на музички филм во градскиот парк.

Од општината информираат дека и во претстојниот период ќе има богата и интересна програма која ќе ги задоволи вкусовите на повеќе генерации.

На 19-ти со почеток во 20 часот,  во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј ќе биде отворена самостојна изложба на Игор Додевски, две децении творештво.

За 28-ми месецов е закажана забавата „Водени лудории“ на градскиот базен, а месецот, на културно поле, ќе биде заокружен со проекција на музички филм на 31-ви јули.

Во месец август претстои концерт и изложба пред платото на ЛУ Градски музеј, а на 24-ти и 25-ти август градот ќе биде понесен од магијата на фолклорот преку 14-иот Меѓународен Фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ каде градот ќе биде домаќин на гости од Северен Кипар, Србија, Бугарија, Украина, Словачка и Турција.

на 25-ти август љубителите на рок музиката ќе уживаат во настапот на легендарниот балкански бенд „Рибља Чорба“ на „Џој Фест 2018“, а како предбенд ќе настапи македонскито бенд „Студени нозе“.

На 27-ми јуни граѓаните ќе уживаат во концерт на познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ на градскиот плоштад.

На 28-ми август во Крива Паланка со Литија во чест на „Св. Јоаким Осоговски“, од градската црква до црквата „Св Богојавление“ на плоштадот Карпошово востание ќе започне чествувањето на патрок празникот на градот ,а ќе се одбележи и денот на рударите со централна прослава на градскито стадион.

Манифестацијата се организира во соработка со Министерството за култура, НУ Центар за култура, ЛУ Градски музеј и Булмак.

37357329_10155602870682196_6705452334362656768_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e