(ФОТО) Кривопаланечките средношколки први на „Треш Фешн Македонија 2018“

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, со нивната уникатна креација од материјали за рециклирање, победија на седмото издание на „Треш фешн Македонија“, која се одржа во МКЦ. Користејќи фолија, кеси, цедеа, учениците создадоа оригинална креација наречена „Третиот елемент“.

20180605201843

Второто место им припадна на учениците од „Димитар Влахов” од Скопје со креацијата „Еуфорија”, а трети се средношколците од Богданци, и нивната креација „Саншајн” направена од конзерви од паштети.

Натпреварот е наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Целта на „Треш фешн Македонија“ е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.

Оваа година, учениците своите креации ги работеа на тема „Мода од иднината“.

Настанот се одржа по повод Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, а учествуваа тимови од 35 средни училишта во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e